УКРАИНЦИТЕ ЌЕ ОДГОВОРАТ СО ОМРАЗА И СО ПРЕЗИР Зеленски зборува за непоколебливоста на својот народ

Затоа нашите „тракторски сили“, украински земјоделци, ја земаат руската опрема од полињата и ја предаваат на украинската армија. А особено најновите модели, оние што Русија се обидува да ги задржи во тајност, додаде тој.

539

Украинскиот претседател Володомир Зеленски објави ново видео во кое ѝсе обрати на домашната и светската јавност.

– Ќе има само еден одговор за руските сили – омраза и презир. Нашите вооружени сили несомнено ќе одговорат. Затоа украинските селани ги заробуваат соборените руски пилоти во нашата земја – рече тој.






– Затоа нашите „тракторски сили“, украински земјоделци, ја земаат руската опрема од полињата и ја предаваат на украинската армија. А особено најновите модели, оние што Русија се обидува да ги задржи во тајност – додаде тој.

– И сега окупаторите ги оставаат на нашата земја и бегаат… Всушност, тие ја прават вистинската работа. Затоа што е подобро да избегаат отколку да умрат. Нема и нема да има други алтернативи – рече Зеленски.

Тој, исто така, испрати порака до Европа, велејќи дека мора „да ја засили помошта за Украина“.

– Чекавме 31 ден – рече Зеленски, фалејќи ги бранителите на Мариупол, велејќи:

– Сакам барем мал дел од нивната храброст за оние кои 31 ден размислуваат како да испратат 10 или 20 тенкови или авиони.

Поврзани содржини