УАПСЕН СО МИТО В РАКА Шефот за урбанизам во Маврово Ростуше побарал 13.000 евра за дозвола за апартмани
МВР продолжува со борбата против криминалот. Полициски извори јавуваат дека раководителот на секторот урбанизам на Маврово Ростуше бил фатен - жив.
На 19 март годинава, полицијата го уапсила раководителот на Одделението на урбанизам и комунални дејности при Општина Маврово Ростуше, Садредин Елезоски.
Поткупот бил побаран и примен со ветување дека ќе биде одобрен урбанистички проект за градење апартмани и сместувачки капацитети. Станува збор за износ од 13.000 евра, кој требало да се исплати на неколку рати.
Лицето е лишено од слобода при исплата на парите од првата рата во
во Скопје.
Парите претходно биле криминалистичко- технички обработени.