ТРОЈЦА ПОВРЕДЕНИ РАНО УТРОВО ВО СКОПЈЕ Сопатникот минал со потешки повреди, возачите со полесни
Несреќата се случила помеѓу патнички моторни возила со скопски регистерски таблички „мерцедес“ управувано од А.Б. (25) од селото Црн Врв, Скопско и „пежо“ управувано од Б.Т. (39) од Скопје.
Три лица се повредени, од кои едно се здобило со тешки телесни повреди, во сообраќајна несреќа што се случила околу четири часот изутрината на крстосница од булеварите Партизански одреди и Св. Климент Охридски во Скопје.
Несреќата се случила помеѓу патнички моторни возила со скопски регистерски таблички „мерцедес“ управувано од А.Б. (25) од селото Црн Врв, Скопско и „пежо“ управувано од Б.Т. (39) од Скопје.
По несреќата, возачот А.Б. бил пренесен во Градската општа болница „8 Септември“ каде од лекар му биле констатирани телесни повреди, а возачот Б.Т. и неговиот сопатник Т.В.(53) од Скопје биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ каде на Б.Т. му биле констатирани телесни повреди, а на сопатникот Т.В. тешки телесни повреди, информира МВР:
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.