ТРИУМФ НА ДАРИО ИВАНОВСКИ НА „ОХРИД ТРЧАТ” Кај жените прва истрча Греса Бакрачи

Во штафетната трка на 21 километар мажи триумфираа „Korruners & Atomic" пред „Битолски бавни тркачи" и Алексинац ранинг клуб.

62

Македонскиот атлетичар и член на АК „Скопски маратон”, Дарио Ивановски, победи на полумаратонот на 10-то јубилејно издание на „Охрид трчаТ” што се одржа денеска низ улиците на Охрид.

Тој патеката од 21 километар ја мина за време од 1 час 10 минути и 46 секунди.






Втор на целта на 21 километар пристигна Игор Трипуновски од Македонија со време 1:19:22 час, а трет беше Томаш Суњог од Унгарија со време 1:21:52 час.

Во женска конкуренција на полумаратонот најбрза беше Греса Бакрачи од Косово со време 1:31:35 час., втора пристигна Биљана Кираџиева од Србија (1:34:07ч.), а трета финишираше Благица Јованова од Македонија со време 1:35:24ч.

Во штафетната трка на 21 километар мажи триумфираа „Korruners & Atomic” со време 1:26:37 час, пред „Битолски бавни тркачи” (1:26:50ч.) и Алексинац ранинг клуб (1:30:41ч.).

Кај жените триумфираше штафетата на МС Ран со време 1:41:02 часа, пред „CaMino de Santiago Francés 2026 M+F” со време 1:42:48 часа и екипата „Трајчески” со време 1:55:01 часа.

Кај мешаните штафети најбрза беше екипата на „Битола трча” со време 1:29:44 час., втора пристигна штафетата „Тирунмису” (1:34:29ч.), а трета беше штафетата „АОК ЗЛАТОВРВ” (1:38:13ч.).

Во тимска конкуренција мажи на 21 километар победи АК „Скопски маратон” со време 5:22:38 часа, пред АКК „Ран клуб” со време 6:06:50 часа и „Ран Авеј” 07:22:05 часа. Кај жените најдобар беше тимот на АК „Атомик” (07:29:34 ч.), пред „Ран Авеј” (7:52:33 ч.) и АКК „Ран клуб” (08:28:38 ч.).

Во трката на 5 километри во машка конкуренција прв на целта пристигна Григоријан Никовски од АК Олимп со време 18:02 минути, пред Роберто Димитриевски од АК Велес со време 19: 32 минути и Ванчо Бајам од АК Охрид трчаТ со време 19:42 минути.

Во женска конкуренција на 5 километри победи Матеја Ефремовска од АК Скопски маратон со време 23:44 м, пред Невена Максимовиќ од АК Ран Авеј –  Србија, со време 23:53 м, а трета беше Емили Иваноска од АК Скопски маратон со време 24:38м.

Тимски на 5 километри во машка конкуренција триумфираше штафетата „Ракометна школа Седмерец” – Охрид со време 1:26:47 часа, пред „Ретко е да си редок (1:41:44 ч.) и ЛТХ Леарница (1:42:25 ч.). Во женска конкуренција победи екипата на „3 Disciplines” со време 1:48:52 ч, пред „Run Away” (2:01:55 ч.) и „Ретко е да си редок” (2:13:49 ч.).

На 10-то јубилејно издание на Атлетскиот викенд „Охрид трчаТ” учествуваа рекордни 2700 тркачи од 30 земји.

Поврзани содржини