🎥 ОПШТИНА ТЕТОВО ВОВЕДЕ БЕСПЛАТНА ЛИНИЈА НА ЈАВЕН ПРЕВОЗ Линијата ќе го поврзува Тетово со три планински села
Новата линија ќе сообраќа еднаш дневно, со поаѓање кон Тетово во 7 часот наутро и враќање кон селата во 17.30 часот.
Од денеска официјално е пуштена бесплатна линија на јавен превоз за жителите на тетовските села Бродец, Вешала и Бозовце, информираа од Општина Тетово и од јавното претпријатие „Тетово транспорт“.
Новата линија ќе сообраќа еднаш дневно, со поаѓање кон Тетово во 7 часот наутро и враќање кон селата во 17.30 часот.
„Овој проект е резултат на континуираната посветеност и заложба за подобрување на условите за живот на жителите од шарпланинското подрачје, овозможувајќи полесна мобилност и подобра поврзаност со градот Тетово. Воспоставувањето на оваа услуга претставува директна инвестиција во благосостојбата на граѓаните, поддршка на семејствата и поттик за одржлив развој на планинските населени места“, се вели во соопштението на Општина Тетово.
Локалната самоуправа најавува дека и во иднина ќе продолжи со реализација на проекти насочени кон подобрување на секојдневниот живот на граѓаните и зајакнување на поврзаноста меѓу планинските села и градот Тетово.