🎥 РУСИНКАТА МИРА АНДРЕЕВА ЈА ОСВОИ ТИТУЛАТА РОЛАН ГАРОС Трофејот го прослави со своето милениче

Тенисерката без поголеми проблеми ја победи полската квалификантка Маја Чвалинска во финалето со резултат 6:3, 6:2.

1

Младата руска тенисерка Мира Андреева ја освои титулата на Ролан Гарос откако без поголеми проблеми ја победи полската квалификантка Маја Чвалинска во финалето со резултат 6:3, 6:2.

Од првиот поен, 19-годишната Русинка покажа зошто е меѓу најдобрите тенисерки во светот. Моментално осмата тенисерка на ВТА листата го наметна својот ритам против 114-тата тенисерка во светот и ги контролираше настаните во текот на целиот натпревар.






Клучниот момент од првиот сет се случи на 3:2, кога Андреева ја презеде целосната иницијатива и освои четири гема по ред за да поведе со 1:0 во сетови.

Во продолжението од средбата, руската тенисерка дополнително го подигна нивото на својата игра. Чвалинска не можеше да најде одговор на агресивната и самоуверена игра на противничката и освои само два гема во вториот сет. По еден час и неколку минути игра, Андреева стигна до својот прв трофеј од Гренд слем во кариерата.

Со овој успех, таа стана најмладата победничка на Ролан Гарос од 1992 година, кога Моника Селеш го освои турнирот на возраст од 18 години, седум месеци и четири дена.

Андреева го крена трофејот во Париз на возраст од 19 години, еден месец и осум дена.

Поврзани содржини