📷 ТРИФУН КОСТОВСКИ НА РОВИЊ НА ПОДГОТОВКИ ЗА СУДЕЊЕТО ЗА ЕУРОСТАНДАРД БАНКА Во убаво друштво и во добро расположение
Бизнисменот е обвинет за дело за кое може да добие висока затворска казна, но животот е еден и мора да се живее...
Бизнисменот Трифун Костовски, кој е обвинет во случајот поврзан со затворената Еуростандард банка, деновиве престојува во хрватското летувалиште Ровињ.
Фотографии од Ровињ на социјалните мрежи објави неговата сопатничка Јасна Петков Костовска, која го прослави својот 52. роденден.
„52 🥂 Прекрасен незаборавен ден… Ви благодарам на сите мои прекрасни драги пријатели за вашите прекрасни мисли и желби… Со најголеми поздрави од прекрасниот Ровињ… Да имаме вистински и искрени пријатели е најголемото богатство што можеме да го имаме“, напиша Петков Костовска.
Ровињ важи за една од најелитните и најскапи туристички дестинации на хрватското Јадранско крајбрежје.
Во меѓувреме, против Костовски се води судска постапка по обвинението на Јавното обвинителство за случајот со Еуростандард банка. За делата што му се ставаат на товар е предвидена затворска казна, а конечната одлука ќе ја донесе надлежниот суд.