🎥 ЌEРКАТА НА КИМ КАРДАШИЈАН ЈА ШОКИРА ЈАВНОСТА Дали пирсинзите на 13-годишната Норт отидоа предалеку?
Младата Норт Вест ги поместува границите на естетиката негувајќи го својот уникатен стил, но експертите испраќаат сериозно предупредување
Норт Вест, 13-годишната ќерка на Ким Кардашијан (45) и Канје Вест (49), повторно успеа да ја шокира јавноста и да предизвика лавина од расправии за границите на модата и украсувањето на телото кај тинејџерите.
Младата ѕвезда, која на само 13 години веќе има огромно влијание на социјалните медиуми, стана главна тема на интернет откако ги покажа бизарните пирсинзи на рацете и прстите.
View this post on Instagram
На овој тренд Норт му го посвети дури и својот музички сингл, со специфично име „Piercing on My Hand“.
Појавата на нејзините раце покриени со метални украси предизвика хаос на Тик-Ток, каде што се шират шпекулации за тоа дали пирсингот е привремен или траен.
Нејзината мајка Ким Кардашијан веднаш застана во одбрана на стилот на својата ќерка, истакнувајќи дека Норт експериментирала со својот изглед уште од дете:
– Таа отсекогаш ги сакала лажните пирсинзи на септумот и обоените плетенки. Таа е едноставно таква и јас ѝ помагам да биде своја.
View this post on Instagram
Сепак, трендот на накит за тело наиде на остри критики во медицинската област.
Познатиот дерматолог д-р Кори Хартман (51), основач на клиниката за дерматологија „Skin Wellness“, предупреди на сериозните последици од ваквите процедури, особено на рацете кои се постојано изложени на нечистотија.
Докторот истакнува дека ваквите модификации можат да предизвикаат инфекции, тешки лузни и хиперпигментација. Уште полошо, ако пирсот продре подлабоко од кожата, може трајно да ги оштети тетивите и да влијае на функцијата на раката. Неговиот совет е краток и јасен:
– Едноставно, не го правете тоа пред 18-годишна возраст.