ДЕВОЈЧЕ ПАДНА ОД ЛУЛАШКА ВО ГОСТИВАР И ПОЧИНА Трагичен крај за 14-годишна кавадарчанка

Малолетничката била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар, каде во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт.

0

Трагичен настан со смртен исход евидентиран е во вчерашниот полициски билтен за Гостивар. Во 20:20 часот во СВР Тетово, од Медицинскиот центар Гостивар било пријавено дека во болницата без знаци на живот била донесена Ш.Н. (14) од Кавадарци, со престој во Гостивар.

„Според пријавеното, малолетничката паднала од лулашка во паркот во Гостивар, по што била пренесена во Медицинскиот центар Гостивар, каде во 20:55 часот дежурен лекар констатирал смрт. Известен е јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.“, соопшти СВР Тетово.






Поврзани содржини