ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ПЕКОЛЕН ДЕН До 37 степени, а потоа дожд и грмежи

УХМР најавува сончево и многу топло време денеска, а веќе утре попладне во делови од земјата се можни пороен дожд и грмежи.

0

Сончево и многу топло време со температури до 37 степени се очекува денеска низ Македонија, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец, а ќе има само мала локална облачност.






Утринските температури ќе се движат од 8 до 18 степени, додека дневните ќе достигнат од 29 до 37 степени Целзиусови.

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност и слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 14 степени, а дневната ќе достигне до 36 степени.

Според прогнозата на УХМР, во наредните денови ќе преовладува претежно стабилно и топло време. Ќе дува умерен, а на места повремено засилен ветер од северен правец.

Утре, во попладневните часови, се очекува локален развој на нестабилна облачност, проследена со пороен дожд и грмежи.

Поврзани содржини