ВЕЛЕШАНКА ПРИВЕДЕНА ПОРАДИ КРАЖБИ НА КАБЛИ Се сомничи дека двапати ограбила градилишта во Велес

Жената била приведена во неделата попладне. Според сомненијата, каблите ги одзела во два наврати од објекти во изградба во сопственост на велешко правно лице.

14

Дваесет и петгодишна велешанка е приведена под сомнение дека во два наврати крадела кабли од објекти во изградба во Велес.

Жената со иницијали Џ.С. била лишена од слобода на вчера во 17:20 часот, од полициски службеници од СВР Велес.






Според сомненијата, таа во два одделни наврати одзела кабли од објекти во изградба, кои се во сопственост на правно лице од Велес.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по целосното документирање на настаните ќе следува соодветна пријава.

Поврзани содржини