ТРАМП, ЗЕЛЕНСКИ И МАКРОН ЌЕ ПАТУВААТ ЗА ВАТИКАН Светските лидери ќе му оддадат последна почит на папата Франциск

Јас и Меланија (Трамп) ќе присуствуваме на погребот на папата Франциск во Рим. Тој беше добар човек кој го сакаше светот. Особено ги сакаше луѓето кои минуваа низ тежок период. И тоа го почитувам, рече претседателот на САД, Доналд Трамп.

215

Сѐ уште е краток списокот на светски лидери и познати личности кои ќе присуствуваат на погребот на папата Франциск, но се очекува да се прошири во наредните денови, со оглед на глобалното влијание на починатиот поглавар на Римокатоличката црква, објави Њузвик.






Папата Франциск, роден како Хорхе Марио Бергољо на 17 декември 1936 година во Буенос Аирес, Аргентина, беше првиот понтиф од Латинска Америка. Неговата смрт во понеделникот – само еден ден 0ткако јавно се појави пред илјадници верници за велигденските служби во Ватикан – предизвика глобален бран на сочувство и поддршка, како од државници и од јавни личности, така и од околу 2 милијарди католици ширум светот.

Погребот ќе се одржи на плоштадот Свети Петар во Ватикан и ќе биде дел од деветдневниот период на жалост. Телото на папата ќе биде изложено во базиликата Свети Петар 3 дена, за да можат верниците да му оддадат почит, а самата церемонија се очекува да се одржи во текот на првата недела од жалост.

Трамп ќе присуствува на погребот

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и неговата сопруга, Меланија Трамп, потврдија дека ќе присуствуваат на погребната церемонија, по повеќечасовни шпекулации поради некогашниот затегнат однос меѓу Трамп и папата Франциск.

„Меланија и јас ќе присуствуваме на погребот на папата Франциск во Рим… Тој беше добар човек кој го сакаше светот. Особено ги сакаше луѓето кои минуваа низ тежок период. И тоа го почитувам.“, напиша Трамп на неговата социјалната мрежа Трут сошал.

Претходно истиот ден, Трамп изјави дека сѐ уште не е сигурен дали ќе патува за Рим, но посочи дека знамето веќе било спуштено во чест на папата.

Доколку замине, Трамп ќе биде првиот актуелен претседател на САД што присуствува на погреб на папа од 2005 година, кога Џорџ В. Буш присуствуваше на погребот на папата Јован Павле Втори.

Кој ќе го претставува кралското семејство на Велика Британија?

Неколку медиуми пренесуваат дека најверојатен претставник од британското кралско семејство ќе биде принцот Вилијам, но официјална потврда за неговото присуство сѐ уште нема. Претходно, принцот Чарлс (сега крал Чарлс Трети) присуствуваше на погребот на Јован Павле Втори во 2005 година.

„Мојата сопруга и јас бевме длабоко натажени кога дознавме за смртта на папата Франциск. Нашите тешки срца малку се утешени од сознанието дека Неговата Светост можеше да упати велигденска порака до Црквата и светот кој го служеше со таква посветеност“, рече кралот Чарлс во своето соопштение.

Зеленски и Макрон го потврдија своето присуство

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, ќе присуствува на погребот на папата Франциск, потврди извор од неговиот кабинет во вторникот, објави Би-Ес-Ес њуз.

– Кабинетот на претседателот го очекува датумот на погребот и се подготвува за посетата на претседателот на Рим за да му оддаде последна почит на папата – изјави изворот.

И францускиот претседател Емануел Макрон изјави во вторникот дека ќе присуствува на церемонијата во Ватикан, објави Панчнг.

– Ќе присуствуваме на погребот на папата, како што и доликува – им рече тој на новинарите.

📽 ТЕСТАМЕНТОТ НА ПАПАТА ОТКРИВА КАДЕ ЌЕ БИДЕ ПОГРЕБАН Ватикан ќе направи исклучок за Франциск

 

Поврзани содржини