ТРАМП ЌЕ ОДЛУЧИ ЗА ИДНИНАТА НА СУДИРОТ СО ИРАН, ПОРАЧА НЕТАНЈАХУ Израел силно ќе одговори ако Техеран го нападне

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху негираше дека се обидел да го убеди американскиот претседател Доналд Трамп да продолжи со нападите врз Иран за време на нивниот состанок оваа недела во Белата куќа.

0

Одлуката за евентуалното продолжување на судирот со Иран е на американскиот претседател Доналд Трамп, рече денеска израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Тој изрази скептицизам за постигнување дипломатско решение со Техеран.






Нетанјаху за американската телевизиска мрежа Еј-Би-Си изјави дека Соединетите Американски Држави остануваат „главен партнер“ на Израел и дека Трамп е единствениот задолжен за американската стратегија.

Израелскиот премиер негираше дека се обидел да го убеди американскиот претседател да продолжи со нападите врз Иран за време на нивниот состанок оваа недела во Белата куќа.

Според него, двајцата разгледале неколку опции за завршување на судирот, вклучувајќи продолжување на преговорите со Техеран, одржување на блокадата на Ормускиот Теснец или покренување нова воена офанзива, но конечната одлука му е препуштена на Трамп.

Нетанјаху изрази сериозни сомнежи во подготвеноста на Иран да постигне договор, верувајќи дека властите можеби се обидуваат да купат време и покрај дипломатскиот и економскиот притисок.

Израелскиот премиер рече дека Иран сега е послаб од кога било, но призна и дека режимот не падна по неколкуте месеци војна.

Нетанјаху потврди дека негова цел и понатаму е спречувањето на Исламската Република да набави нуклеарно оружје – цел за која тврди дека ја дели со Трамп.

Што се однесува до Ормус, Нетанјаху верува дека стратешкото значење на теснецот би требало да се намали со тек на време, благодарение на развојот на нови енергетски рути до Црвеното Море, а потоа и до Средоземното Море.

Нетанјаху предупреди дека Израел силно ќе одговори на секој понатамошен ирански напад.

Поврзани содржини