ТРАГЕДИЈА ВО ЧАИР 16-годишник загина на мотор по судир со тротинет управуван од 14-годишно дете

Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Четиринаесетгодишниот возач на тротинетот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани повредите.

1,649

Шеснаесетгодишен мотоциклист од Скопје го загуби животот синоќа во сообраќајна несреќа што се случила на улицата „Цветан Димов“ во Скопје.

Како што информираа од Министерството за внатрешни работи, несреќата била пријавена на 27 април 2025 година, во 02.28 часот. Во сударот учествувале мотоцикл „Пиаџо Беверли“ со скопски регистарски ознаки, управуван од 16-годишник, и електричен тротинет што го управувал 14-годишен малолетник, исто така од Скопје.






Од здобиените повреди, мотоциклистот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош. Четиринаесетгодишниот возач на тротинетот се здобил со телесни повреди и бил пренесен во Ургентниот центар при Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде што му биле констатирани повредите.

Увид на местото на несреќата извршиле екипа од СВР Скопје и јавен обвинител. По наредба на обвинителот, телото на починатиот е дадено на обдукција. Од МВР најавија дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Поврзани содржини