ТЕШКО ПОВРЕДЕНА ПАТНИЧКА ВО АВТОБУС Сообраќајна несреќа во Аеродром

На крстосница од булеварот Јане Сандански се судриле автобус „ман“, управуван од Т.П.(47) и патничко возило „форд фокус“, управувано од Г.Ј.(55) од Скопје, соопшти полицијата.

59

Патничка во автобус е тешко повредена во сообраќајна несреќа во населбата Аеродром.

„На 6.8.2026 година во 13:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на крстосница од булеварот Јане Сандански и сервисна улица, на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, се случила сообраќајна несреќа помеѓу автобус „ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Т.П.(47) од село Ново Село и патничко возило „форд фокус“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(55) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила 64-годишната В.В. од Скопје, патничка во автобусот, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, соопшти полицијата.

 






Поврзани содржини