ТЕПАЧКА ВО ДВОР НА АМБУЛАНТА Двајца мажи се степале во Скопје

Двајца 46-годишници влегле во физичка пресметка во двор на здравствен објект во скопската населба Кисела Вода.

354

Двајца мажи се степале утринава во двор на здравствен објект во скопската населба Кисела Вода, информираше полицијата.

Инцидентот бил пријавен околу 07:30 часот во СВР Скопје. Според информациите, дошло до физичка пресметка меѓу 46-годишните А.Т. и И.С., двајцата од Скопје.

По пријавата, полицијата излегла на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до тепачката.

Поврзани содржини