ТЕМПЕРАТУРА ДО 40 СТЕПЕНИ Доаѓа топлински бран, август ќе нè спржи

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

0

Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност, најави Управата за хидрометеоролошки работи.

Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.






Минималната температура најниско ќе се спушти во Берово, до 11 степени. Најтопло ќе биде во Гевгелија и во Велес, со температура до 38 степени Целзиусови.

Фото: УХМР

Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, со слаб променлив ветер. Максималната температура ќе достигне 35 степени.

Во следните денови, под влијание на топол бран следува период на сончево и многу топло време.

Особено топло ќе биде во првата декада од месец август кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени.

Фото: УХМР
Поврзани содржини