ТЕЈЛОР СВИФТ МУ ПОСВЕТИ ПЕСНА НА ТРЕВИС КЕЛСИ Зошто Кливленд има посебно место во љубовната приказна на брачната двојка?

Тејлор Свифт ја објави „Cleveland“, новата песна посветена на Тревис Келси во која го нарекува „љубовта на мојот живот“ и им одговара на оние кои ја критикуваат пеејчи дека тој ја сака токму таква каква што е!

2

Тејлор Свифт објави четири нови песни како дел од проширеното издание „The Life of a Showgirl: The Encore“, а една од нив веднаш привлече особено внимание. Песната „Cleveland“ му е посветена на нејзиниот сопруг Тревис Келси и неговите корени во Охајо, но во неа пејачката испраќа и порака до сите кои ја критикуваат нивната врска.

Во рефренот Свифт пее дека Келси веќе ја одвел во Кливленд и ѝ ја покажал областа Хајтс, а потоа го опишува нивниот однос како љубов на нејзиниот живот. Во друг дел од песната таа вели дека во целиот свет ѝ бил потребен само еден човек кој не ја смета за „неподнослива“ – и дека го нашла.






Насловот не е случаен. Келси пораснал во Кливленд Хајтс, Охајо, а во март годинава купил голема куќа во Братенал, покрај езерото Ири, вредна 5,35 милиони долари. Имотот има повеќе од 21.000 квадратни стапки, осум спални соби, базен, спа и гаража за пет автомобили.

Во „Cleveland“ Свифт не зборува само за сопругот, туку и директно им одговара на критичарите. Песната започнува со низа навреди за нејзиниот изглед, облекување и танцување, односно со коментари какви што често се појавуваат на интернет. Наместо да им се правда на критичарите, таа ја врти приказната кон фактот дека Келси ја сака токму таква каква што е.

Песната е дел од четирите нови нумери на „The Life of a Showgirl: The Encore“, заедно со „Patient Zero“, „Pink Clouding“ и „Babylon“. Проширеното издание пристигна точно една година по оригиналниот албум „The Life of a Showgirl“, а новите песни Свифт ги сними со продуцентите Макс Мартин и Шелбек.

Свифт и Келси се венчаа на 3 јули, а во последните недели пејачката неколкупати беше фотографирана како го бодри сопругот на натпреварите на Канзас Сити Чифс. Така, песната претставува уште еден јавен момент во кој Свифт зборува за нивната врска – овојпат преку музика.

Во истото проширено издание е и „Patient Zero“, за која веќе се најавува и спот со Дакота Џонсон и Колин Фарел. Видеото ќе има премиера на MTV Video Music Awards на 27 септември, каде Свифт ќе ја добие и првата награда „Artist Director Honors“ за режисерскиот придонес во своите музички видеа.

Поврзани содржини