МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИН НА СУД ВО ИТАЛИЈА ЗАШТО УБИЛ 3 ОВЦИ Ги прегазил со комби и му се заканил на газдата

Инцидентот се случил во 2023 година во Касале сул Силе, кога стадо му го блокирало патот до неговиот дом. Две овци угинале веднаш, а третата била толку тешко повредена што подоцна морале да ја усмртат.

0

Македонски државјанин ќе оди на суд во Италија откако со комби удрил 3 овци што му го попречувале патот, при што две угинале на место, а третата подоцна била усмртена поради тешките повреди, пишуваат локалните медиуми.

Инцидентот се случил на 25 април 2023 година на Виа Белведере во Касале сул Силе. Стадото се движело по патот што водел кон куќата на обвинетиот, кој, според обвинението, го загубил трпението бидејќи не можел да помине.






– Тргни ги овие овци. Морам да поминам. Ќе ги убијам сите – наводно му рекол 36-годишниот македонскиот државјанин на сопственикот на стадото.

Кратко потоа тргнал со комбито „Фолксваген кеди“ и удрил 3 овци. Две угинале веднаш, а третата останала тешко повредена и подоцна била усмртена.

Возачот не запрел, но сопственикот успеал да ја запише регистарската табличка. Така истражителите стигнале до сопственикот на возилото, 26-годишен роднина на обвинетиот.

Бидејќи комбито било регистрирано на него, и роднината првично завршил во постапката. На прелиминарното рочиште, сепак, било утврдено дека роднината воопшто не бил присутен кога се случил инцидентот, па тој бил ослободен.

На суд ќе оди 36-годишниот македонски државјанин, кој е обвинет за убивање туѓи животни и за закана кон нивниот сопственик.

Случајот веќе поминал низ прелиминарно рочиште, а почетокот на судењето е закажан за јуни 2028 година.

 

Поврзани содржини