СТУДЕНО И ВЕТРОВИТО Попладне ќе врне пороен дожд, а на повисоките места и снег
Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, повремено поројни проследени со појава на грмежи. Во текот на ноќта во повисоките делови од котлината е можно провејување на снег.
Променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер, во западните делови од западен, а во источните од северен правец. Попладне и во вечерните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пообилен пороен дожд (до 20л/м2), грмежи и засилен ветер (над 60км/ч.). Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север во текот на ноќта врнежите на планините и на повисоките места ќе бидат од снег, при што ќе се формира нова снежна покривка.
Максималната температура ќе биде во интервал од 11 до 20 степени.
Во Скопје ќе биде променливо облачно со умерен до засилен северен ветер. Попладне и во текот на ноќта ќе има повремени врнежи од дожд, повремено поројни проследени со појава на грмежи. Во текот на ноќта во повисоките делови од котлината е можно провејување на снег.
Tемпературата ќе достигне до 18 °C.