СТУДЕН БРАН СО ВЕТЕР И ДОЖД Температурите паѓаат под нулата во делови од земјата

Посвежо време со сончеви периоди, локален дожд и засилен северен ветер, а нестабилноста ќе продолжи и за време на викендот.

3

Променливо облачно и посвежо време со сончеви периоди и засилен северен ветер ја очекува земјава, со можност за локален дожд во јужните делови, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималните утрински температури ќе се движат од -3 степени во Маврово до 6 степени во Гевгелија, додека максималните дневни ќе достигнат од -1 до 5 степени. Ваквото време носи посвежо чувство, особено во утринските часови.

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди, проследено со умерен, а во одделни делови од котлината и повремено засилен ветер од северен правец. Температурата ќе се движи од 2 до 15 степени.

Во текот на викендот времето ќе остане нестабилно. Во сабота се очекува променливо облачно време со локални врнежи од дожд и засилен северен ветер, кој на места ќе надминува 60 километри на час. Температурите ќе се движат од -2 до 20 степени.

Слична временска слика се најавува и за недела, со повремен локален дожд и засилен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се спуштат до -2 степени, а максималните ќе достигнат до 22 степени.

Поврзани содржини