РУСИЈА ТРПИ ГОЛЕМИ ЗАГУБИ, НО НЕ ПОПУШТА Москва не покажува волја за крај на војната, вели Калас

Високата претставничка на ЕУ вели дека нема знаци за конструктивни преговори од руска страна, иако загубите на терен се зголемуваат.

85

Високата претставничка на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Каја Калас, денеска во Брисел изјави дека, според бројките со кои располага, Русија губи голем број војници во Украина.

Таа на прес-конференција рече дека во мај ќе продолжат разговорите за одбрана на европските безбедносни интереси.

На новинарско прашање за преговорите, Калас рече дека не гледа знаци дека Русија е подготвена да се вклучи во конструктивни преговори за прекин на војната.

– Не треба да се понижуваме и да се однесуваме како да молиме или преколнуваме за разговори, туку треба да бидеме во позиција овие симулации на преговори да ги претвориме во вистински преговори – додаде Каја Калас.

Руската инвазија врз Украина почна на 24 февруари 2022 година.

Поврзани содржини