ССМ НА ПРОТЕСТ ЗА МИНИМАЛНА ОД 18.000 ДЕНАРИ Ќе ги објават и имињата на тие кои нема да гласаат за измените на законот за минимална плата

 За синдикатите е неприфатлив предлогот на работодавачите за минимална плата од 16.164 денари и бараат минималналната плата да биде 18.000 денари. 

854

Сојузот на синдикатите одржува едночасовен  протест со блокирање на улицата пред седиштето на Организацијата на работодавачи во центарот на Скопје во знак на незадоволство од нивниот предлог за методологијата на минималната плата.

За синдикатите е неприфатлив предлогот на работодавачите за минимална плата од 16.164 денари и бараат минималналната плата да биде 18.000 денари.






– Да не застанеме додека не го добиеме нашето право. Доста беше да им бидеме слуги на работодавачите. Со 15 илјади денари не можеме да го поминеме месецот. Во џебовите на работодавачите завршуваат 60 проценти од профитот. Мора да престане и исплатата на плата во плик затоа што нашиот работник утре ќе биде пензионер и ќе стане социјален случај – порачаа синдикалците.

Најавија дека доколку денеска на седницата на Економско-социјалниот совет не бидат прифатени нивните барања за зголемување на минималната плата на 18.000 денари и за скалесто зголемување на сите останати плати, ќе организираат генерален штрајк и други облици на притисок како блокирање на улици и фабрики.

Претседателот на синдикатите, Дарко Димовски претходно најави дека се подговени да ги објават и имињата на пратениците кои нема да гласаат за измените на Законот за минималната плата.

– Секој еден пратеник ќе биде јавно објавен. Наредните избори се за две години и не знам како тие пратеници ќе се чувствуваат кога ќе го слушнат нивното име и презиме и ќе се каже дека тој пратеник не кренал рака за покачување на платите на сите работници во државата- рече Димовски.

За денеска е најавена нова средба од преговорите за висината на минималната плата меѓу ССМ, работодавачите и Владата.

Поврзани содржини