СРПСКИТЕ СТУДЕНТИ ГО ИСКОРИСТИЈА ХИТОТ НА СЕВЕРИНА Стиховите од песната ги претворија во предизборна порака, а пејачката го сподели нивното видео

Студентите во Србија искористија стихови од хитовите на Северина за својата предизборна кампања, а пејачката ги сподели нивните објави на социјалните мрежи.

0

Еден од најпознатите хитови на Северина доби ново значење во актуелната предизборна кампања во Србија. Студентите кои стојат зад изборната листа „Студентска листа – Студентите победуваат“ објавија промотивно видео во кое си поиграа со стих од песната „Бред Пит“, а Северина веднаш го сподели видеото на своите профили.

Во песната од 2012 година Северина пее „Ајде пријди ми, бројам до три“, а студентите ја искористија токму асоцијацијата со бројот под кој тие се наоѓаат на гласачката листа. Речиси истовремено објавија и порака инспирирана од уште една нејзина песна – „Добредојде во клубот“.






– Добредојде во клубот, седни, удобно смести се – студентите победуваат, зарем тоа не се добри вести? – гласи нивната преработена порака, која Северина исто така ја сподели на социјалните мрежи.

Фото: Принтскрин

Изборот на нејзините песни не е случаен и се надоврзува на нејзината јавна поддршка за студентските протести во Србија. Хрватската пејачка и претходно ги поддржуваше студентите преку социјалните мрежи и на своите настапи во регионот, а нејзини песни беа користени и во други студентски објави.

Во меѓувреме, „Студентска листа – Студенти победуваат“ е официјално прогласена за учество на вонредните парламентарни избори во Србија, закажани за 25 октомври. Студентите во последните денови веќе го користат бројот три како препознатлив елемент во своите објави, па така тој се појавува и во нивните видеа и визуелни пораки.

 

Поврзани содржини