СРЕДБА ШТО МОЖЕ ДА СМЕНИ СÈ Новиот унгарски лидер најави одмрзнување на милијарди евра

Новиот унгарски лидер најавува договор со Европската комисија за деблокирање на замрзнатите средства поради спорните прашања за владеењето на правото.

110

Победникот на парламентарните избори во Унгарија, Петер Маѓар, соопшти дека имал „исклучително конструктивен и успешен“ разговор со претседателката на Европска комисија, Урсула фон дер Лајен, во кој главна тема биле замрзнатите европски фондови за Будимпешта.

Во објава на Фејсбук, Маѓар наведе дека средствата „наскоро“ би можеле да ѝ бидат ставени на располагање на Унгарија, по разговорите со Брисел.

Тој најави дека на 25 мај, откако ќе положи заклетва како премиер, повторно ќе отпатува во Брисел, каде што очекува да се постигне политички договор за одмрзнување на средствата.

Од друга страна, фон дер Лајен на социјалната мрежа Х оцени дека средбата поминала „многу добро“, нагласувајќи дека се разговарало за „неопходните чекори“ за деблокирање на европските фондови.

Средствата беа замрзнати поради загриженоста на ЕУ за корупцијата и владеењето на правото во Унгарија.

Поврзани содржини