Сопругата на холандскиот амбасадор во Либан им подлегна на повредите – седела покрај сопругот дома во време на експлозијата

Масовната експлозија во Бејрут предизвика огромна штета на холандската амбасада, при што биле повредени и   уште четири други лица.

3,337

Сопругата на холандскиот амбасадор во Либан, Хедвиг Волтманс-Молиер, почина денеска од повредите со кои се здоби во експлозијата којашто во вторникот се случи во пристаништето во Бејрут –  соопшти холандското Министерство за надворешни работи.

– Хедвиг Волтманс-Молиер (55) била повредена додека седела покрај нејзиниот сопруг, амбасадорот Јан Волтманс, во дневната соба во нивната куќа во Бејрут – соопштија од Министерството.






Масовната експлозија во Бејрут предизвика огромна штета на холандската амбасада, при што биле повредени и   уште четири други лица.

Повеќе од 60 лица сѐ уште се водат како исчезнати во Бејрут, четири дена по експлозијата во пристаништето, во која загинаа повеќе од 150 лица – изјави денеска портпаролот на либанското Министерство за здравство.

Тој прецизираше дека имало 154 смртни случаи, а идентитетот на 25 од нив се уште не е утврден.

Според податоците од вчера на Министерство за здравство, најмалку 120 од 5.000 повредени се во критична состојба.

 

Поврзани содржини