СОБРАНИЕТО ГИ ОДЛОЖИ СИТЕ АКТИВНОСТИ ОВАА НЕДЕЛА Ќе заседава само ако треба да се усвојат акти во врска со трагедијата во Кочани

На денешната координација во Собранието беше одадена почит на трагично загинатите во пожарот во Кочани. Присутните изразија сочувство до семејствата на загинатите и надеж дека хоспитализираните ќе се вратат кај своите семејства во добро здравје што поскоро.

198

Собранието на Македонија ги откажува сите активности што се планирани за неделава, поради големиот пожар во дискотека во Кочани, во кој животот го загубија 59 лица, а над 150 беа повредени.

„На координацијата претседателот на Собранието Африм Гаши предложи, а присутните едногласно усвоија заклучок дека сите активности на Собранието закажани и планирани за оваа седмица се откажуваат. Собранието ќе заседава само доколку има потреба од усвојување на акти поврзани со трагедијата во Кочани“, соопшти Собранието.






На денешната координација во 10 часот, на која присуствуваа претседателот на Собранието, потпретседателите и координаторите на сите пратенички групи, како и генералната секретарка и претставник од Владата, беше одадена почит на трагично загинатите во пожарот во Кочани. Присутните изразија сочувство до семејствата на загинатите и надеж дека хоспитализираните ќе се вратат кај своите семејства во добро здравје што поскоро.

Владата вчера прогласи 7-дневна жалост во Македонија.

Поврзани содржини