📷 СНИМКИТЕ ОД ВСЕЛЕНАТА ЈА ОТКРИЈА КАТАСТРОФАТА Најголемите европски реки пресушуваат пред очите на Европа

Сателитските снимки на програмата „Коперникус Сентинел-2“ покажуваат драматичен пад на водостојот на Лоара, По, Рајна и Дунав, а последиците веќе се чувствуваат во транспортот, енергетиката и водоснабдувањето.

0

Аларм низ Европа поради сателитските снимки на најголемите реки: Фотографиите од вселената открија загрижувачка состојба

Сателитските снимки на програмата „Коперникус Сентинел-2“ (Copernicus Sentinel-2), направени во периодот од 1 до 3 август, покажуваат драматично намален водостој на четирите најголеми европски реки – Лоара, По, Рајна и Дунав, објави Си-Ен-Ен.






На снимките се прикажани делови од реката Лоара кај Сомир во Франција, По кај Кремона во Италија, Рајна кај Бопард во Германија и Дунав кај Пакш во Унгарија.

Споредбата на фотографиите направени пред и по намалувањето на водостојот јасно покажува песочни и чакалести спрудови кои претходно биле целосно под вода. Експертите оценуваат дека станува збор за јасен доказ за последиците од долготрајната суша што погоди голем дел од Европа.

Нискиот водостој веќе го отежнува речниот сообраќај на сите четири реки.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by CopernicusEU (@copernicus_eu)

Поради намаленото ниво на Рајна се појавуваат проблеми во снабдувањето на делови од централна Европа, додека нискиот водостој на Дунав го доведува во прашање работењето на нуклеарната централа „Пакш“ во Унгарија, чии реактори користат речна вода за ладење.

Во Италија, падот на водостојот на реката По влијае врз системите за наводнување, производството на електрична енергија и снабдувањето со вода за пиење.

Во Франција, пак, намалениот водостој на Лоара дополнително ја влошува хидролошката состојба во западниот дел на Европа.

Експертите предупредуваат дека високите температури и недостигот од врнежи продолжуваат да го намалуваат нивото на Дунав, при што се загрозени пловидбата, водоснабдувањето и речните екосистеми.

На делницата од Бездан до Богоево се измерени најниски водостои на Дунав во последните 50 години, поради што се откажани голем број патувања и транспортни пловидби.

Поврзани содржини