📷 СМЕЛ, ЕЛЕГАНТЕН И ВООДУШЕВУВАЧКИ Целосно новиот OPEL GRANDLAND

Новиот Opel Grandland ја прослави својата светска премиера во Eisenach оваа пролет. Пошироката јавност можеше да го види одблизу за прв пат на прославата по повод 125 години Opel во Rüsselsheim.

1,234
  • Нов врвен SUV: стилски, динамичен, простран и целосно електричен
  • Ултра-модерни карактеристики: новите Intell-Lux HD светла со над 50,000 индивидуални елементи
  • Разноврсен, паметен, простран: багажен простор до 1.645L, дополнителни прегради за складирање во кабината, како што е новата полутранспарентна Pixel Box, овозможува сместuвање до 36L
  • STLA Medium платформа: новата архитектура овозможува опсег до околу 700 km (WLTP)
  • Германска енергија: дизајниран, создаден и произведен во Германија
    Целосно електрифицирани погони: Grandland Hybrid, Grandland plug-in hybrid и Grandland Electric

 

Комбинирана потрошувачка за Opel Grandland Hybrid според WLTP: потрошувачка на гориво 5.5-5.6 l/100 km, емисија на CO2 124-128 g/km; CO2 ознака: D.






Комбинирана потрошувачка за Opel Grandland Plug-in Hybrid според WLTP: потрошувачка на енергија 21.9-23.4 kWh струја/100 km плус 0.8-0-9 l бензинl/100 km; емисија на CO2 19-21 g/km; CO2 ознака: B. Потрошувачка на гориво кога батеријата е празна 6.8-7.0L/100 km; CO2 ознака: F.

Комбинирана потрошувачка за Opel Grandland Electric според WLTP: потрошувачка на енергија 17.7-18.5 kWh/100 km, емисија на CO2 0 g/km; CO2 ознака: A.

Новиот Opel Grandland ја прослави својата светска премиера во Eisenach оваа пролет. Пошироката јавност можеше да го види одблизу за прв пат на прославата по повод 125 години Opel во Rüsselsheim.

Новиот Grandland е првото Opel возило базирано на BEV-native STLA Medium платформата.

Со батеријата од 97 kWh (нето капацитет), која ќе биде достапна наскоро, ќе може да се помине околу 700 km (WLTP) до следното сопирање за полнење.

Заедничко за сите верзии на Grandland: сите се опремени со бројни иновативни технологии, паметни карактеристики и одржливи решенија заедно со неверојатен дизајн благодарение на новиот 3D Vizor со осветлен Blitz амблем. Со револуционерниот Opel Experimental, Opel го илустрираше патот на брендот кон иднината, а новиот Opel Grandland веќе ги остварува своите визионерски иновации.

Електрифицирана најнова генерација: неверојатен SUV со практични решенија

Стилски и динамичен, простран и разноврсен со целосно електрифицирано портфолио на погонски единици – ова е новиот Opel Grandland. 3D Vizor со осветлено лого Blitz гордо поставен во центарот веднаш ќе Ве заведе додека пак осветлениот натпис „OPEL“одзади го одзема здивот. Визуелните моменти го нагласуваат импресивниот изглед на најголемиот SUV на Opel. Новата генерација на Grandland има должина од 4,65 m, ширина од околу 1,93 m и висина од 1,66 m. Ова го прави новиот Grandland за 173 mm подолг, 36 mm повисок и 49 mm поширок од неговиот претходник. Со ова зголемување на димензиите имаат придобивки и патниците а ѝ багажниот простор. Долгото меѓуоскино растојание од 2.795 mm и накосената задна врата го зголемуваат просторот за товарање. Патниците во вториот ред имаат 20 mm повеќе простор за нозете. Задните седишта може да се преклопат 40:20:40 и на тој начин да се добие носивост до 1.645 l.

Cockpit, 10” или 16” централен дисплеј ориентиран кон возачот, и високата централна конзола создаваат спортско чувство. Зад управувачот, дискретната широка и целосно дигитална инструмент табла ги обезбедува суштинските информации, овозможувајќи му на возачот да се фокусира на задоволството при возењето и во комбинација со Intelli-HUD head-up дисплејот, ја избегнува потребата да го тргне погледот од патот. Возачите исто така имаат можност да го активираат Pure режимот. Ова ја намалува содржината на информативната таблата, head-up дисплејот и централниот дисплеј и овозможува уште помало одвлекување на вниманието при возење ноќе или при големи брзини. Како типичната традиција на Opel, често користените поставки, како што е контролата за клима уредот, може да се ракуваат и интуитивно преку неколкуте преостанати копчиња.

Ергономските седишта со индивидуално прилагодливи странични перничиња, сертифицирани од Aktion Gesunder Rücken e.V., исто така обезбедуваат целосно и пред сè, опуштено уживање во возењето. Патентираните ергономски Intelli-Seat седишта се веќе стандардна опрема за предните седишта. Opel верни на пристапот „Greenovation “, 100 проценти од ткаенините и облогите во внатрешноста се направени од рециклирани материјали.

Практичните и иновативни решенија како што е Pixel Box, која е стандардна во зависност од нивото на опременост, исто така го прават патувањето попријатно. Со осветленото проѕирно стакло и обвивката од ткаенина, овој елемент не само што ја подобрува визуелната привлечност на конзолата, тој е и многу функционален. Безжичниот полнач за паметни телефони се наоѓа зад стаклото за да може уредите да се полнат додека се безбедно складирани.

Постојаната прегледност на паметниот телефон овозможува да не го заборавите во возилото, при излегување. Преградите за складирање, како што се џебовите за телефон кај задниот дел од потпирачите за грб на предните седишта или големиот простор за складирање под централната конзола, во кој има и приклучок од 12 V, претставуваат дополнителен паметен простор за складирање.

Врвниот SUV на Opel е опремен со бројни системи за помош при возење, вклучувајќи автоматски темпомат со Stop & Go функција, проширено препознавање на сообраќајни знаци, интелигентно прилагодување на брзина и сопирање при судир. Паркирањето и маневрирањето е поедноставно со park pilots напред и назад, камерата за возење наназад со функција за автоматско чистење и 360о Intelli-Vision камера. Intelli-Lux HD светла без отсјај кои за прв пат кај новиот Grandland имаат повеќе од 50,000 eлементи, зголемувајќи ја безбедноста при возење во мрак.

“Greenovation” a la Opel: електрифициран, без хромирани делови и со рецеклирани материјали

Opel го прикажува својот пристап „Greenovation” со користење на рециклирани материјали во внатрешноста, без користење на хром и нудење на електрифицирани погонски единици. Овој пристап не само што е корисен за животната средина, туку е добар и за перформансите кај новиот Grandland. Првото Opel возило што е поставено на Stellantis STLA Medium платформата, која што беше дизајнирана спесифично за електричните модели. Со Grandland Electric и 82 kWh батерија (нето капацитет) можете да поминете до 585 km (WLTP1) до следното полнење. Со 97 kWh батерија (нето капацитет) наскоро ќе може да поминете 700 km (WLTP) без емисии. Доколку е потребно Grandland да се полни, може да го полните на 150 kW и да е потребно помалку од 30 минути за да се наполни батеријата до 80% на јавна станица за брзо полнење.

Клиентите ќе имаат можност да изберат и hybrid со 48-v технологија. Доаѓа со 1.2 l турбо бензин мотор 100 kW (136 КС) како и 21 kW (28 КС) eлектричен мотор и електрифициран шест-степен менувач со двојна спојка. Plug-in hybrid доаѓа со 143 kW (195 КС) излезна моќ и 350 Nm вртежен момент.

Новиот Opel Grandland ќе биде достапен во “Edition” и “GS” ниво на опременост. Клиентите можат и дополнително да го надополнат врвниот SUV со „Comfort“и „Tech“ пакетите.

Поврзани содржини