СКОПЈЕ „СЕ ИСКАПИ“ ПРЕД НОВАТА ГОДИНА „Комуналец“ подигна 1.200 кубни метри отпад од диви депонии

Најголем број диви депонии се отстранети во скопските општини Чаир, Ѓорче Петров и Аеродром.

877

Во текот на последниот месец од 2024 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 1.200 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини на територијата на градот Скопје.

Најголем број диви депонии се отстранети во скопските општини Чаир, Ѓорче Петров и Аеродром.






Во текот на месецов, ЈП Комунална хигиена-Скопје бележи и голем број интервенции на таканаречените „црни точки“ каде што континуирано непрописно се одлага отпад, лоцирани на булеварот Никола Карев (Пластичарска улица) – во општината Чаир, улиците Ѓорче Петров, Лука Геров , Христо Батанџиев и Македонска војска – во општината Ѓорче Петров, улицата Васил Чакаларов – во општината Карпош и улицата Димо Хаџи Димов – во општината Кисела Вода.

На овие локации секојдневно се реализираат и интервентни патролни дежурства од страна на Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје којашто во текот на месец декември изготви и врачи вкупно 29 едукативно-информативни записници за граѓани и за правни субјекти што се затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота.

Поврзани содржини