СКАНДАЛ! Во Министерството за труд се вработуваат советници со плата од 52.000 денари

Огласот за нивно вработување е објавен во петокот и трае 3 работни дена.

5,931

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска само што стапи на функцијата веќе вработува двајца советници во нејзиниот кабинет, на кои ќе им исплаќа плата од  52.000 денари.

Огласот за нивно вработување е објавен во петокот и трае 3 работни дена.






Според огласот се вработуваат – посебен советник за прашања поврзани со политика за вработување, труд, безбедност и здравје при работа и пензиско и инвалидско осигурување и посебен советник за прашања поврзани со политики за социјална заштита на деца.

Од Министерството за труд и социјална политика за Плусинфо потврдија дека се вработуваат советници во кабинетот на министерката.

– Министерството за труд и социјална политика поради потреба од пополнување на посебни работни места, заради извршување на работни задачи на посебни советници во Кабинетот на Министерот за труд и социјална политика, на ден петок (21.01.2022) објави јавен оглас за вработување на 2 (два) посебни советници на определено време во Кабинет на министерот за труд и социјална политика. Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 3 (три) работни дена од денот на објавување на огласот во дневниот печат – велат од Министерството.

Огласот предизвика низа на реакции во јавноста.

Поврзани содржини