📽️ ШАКИРА ПАК ГО ПАЛИ ФУДБАЛСКИОТ СВЕТ Ја претстави песната за мундијалот снимена на „Маракана“
Колумбиската поп-ѕвезда објави дел од официјалната песна за претстојниот Мундијал, снимена на легендарната „Маракана“ во Рио. Во проектот учествува и нигерискиот пејач Бурна Бој.
Колумбиската поп-ѕвезда Шакира ја објави официјалната песна за претстојното Светско првенство, насловена „Dai, Dai“. Колумбиската пејачка објави дел од новата песна на социјалните мрежи во видео снимено на легендарниот стадион „Маракана“ во Рио де Жанеиро.
Песната на која настапува и нигерискиот пејач Бурна Бој официјално ќе биде објавена на 14 мај.
Во видеото, Шакира е прикажана заедно со група танчари облечени во боите на неколку репрезентации што ќе настапат на претстојниот Мундијал, што ќе се одржи од 11 јуни до 19 јули во Мексико, САД и Канада.
Шакира ја изведе и официјалната песна за Светското првенство во 2010 година во Јужна Африка – Waka Waka (This Time for Africa), а ги изведуваше своите хитови „Hips Don’t Lie“ и „La La La“ за време на церемониите на светските првенства во 2006 година во Германија и во 2014 година во Бразил.