НЕМА ВЕЌЕ КОМЕНТИРАЊЕ НА ПРОФИЛИТЕ НА СДСМ Партијата најави борба со „трол-фабриката на ВМРО-ДПМНЕ“

СДСМ соопшти дека привремено ги гаси коментарите на своите официјални профили поради, како што тврди, организирани трол-кампањи, медиумски притисоци и координирани напади поврзани од ВМРО-ДПМНЕ и „Орбановата медиумска мрежа“.

74

Од денеска привремено ги гасиме коментарите на официјалните профили на СДСМ на социјалните мрежи, соопшти СДСМ, објаснувајќи дека одлуката на партијата е, како што велат, заради отворена борба против фабриката за лаги на ВМРО-ДПМНЕ.

„Покрај Орбановата медиумска мрежа која контролира 40 отсто од медиумскиот простор во Македонија (Петер Шац, Агнеш Адамик и компанија), против која веќе започнаа истражни дејствија од страна на унгарската полиција, а наскоро се очекува и вклучување на Европското јавно обвинителство, криминална група ВМРО-ДПМНЕ користи и платформи и трол-фарми на сестринската партија СНС и Вучиќ.

Со оваа Гебелсова (фашистичка) метода – илјада пати повторена лага станува „вистина“, граѓаните повеќе не можат да ја разликуваат лагата од вистината.

Европа повеќе не може да трпи ваква системска манипулација, а особено не може да трпат Македонија и нејзините граѓани“.

СДСМ вели дека започнува отворена борба за вистината против оваа фабрика за лаги.

„Најавуваме поднесување кривична пријава против директорите, уредниците и сопствениците на орбановата Алфа ТВ. Ова ќе биде втора кривична пријава против нив – првата беше за перење пари.

Наскоро граѓаните ќе го видат овој криминално-медиумски октопод во вистинско светло.

Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“

Поврзани содржини