„СИТЕ КОАЛИЦИИ НЀ ОСТАВИЈА НА ПОЛОВИНА ПАТ“ Партијата на Села ќе трча сама на следните избори

Претседателот на Албанската лига, Зијадин Села оцени дека досегашното искуство со коалициите е разочарувачко.

0

Претседателот на Албанската лига, Зијадин Села најави дека неговата партија се подготвува самостојно да настапи на следните парламентарни избори.

Села оцени дека досегашното искуство со коалициите е разочарувачко.






– Сите коалиции нè оставија на половина пат – рече тој во гостување на ТВ21.

Села додаде дека Албанската лига работи на самостоен настап пред гласачите и ќе ја бара поддршката од граѓаните, без да зависи од коалициите.

Истакна дека имаат цел да станат прва политичка сила во албанскиот блок.

Поврзани содржини