ШТО ЗНАЧИ ДА ГО ИМАШ СЕРХИО РАМОС ВО ТИМОТ? Нејмар и Мбапе се смирија по брза постапка

Бразилецот по мечот со Монпелје (5:2) изрази незадоволство поради тоа што Французинот стана редовен изведувач на пенали на клубот. На самиот натпревар одигран викендот, Мбапе го промаши првиот пенал, а подоцна сакаше да го изведе и вториот досуден за ПСЖ, но Нејмар не му дозволи и тој го реализира.

409

Серхио Рамос помогна да се реши конфликтот меѓу ѕвездите на Пари Сен-Жермен, Килијан Мбапе и Нејмар. Според „Le Parisien“ 36-годишниот ветеран се вклучил и помогнал да се реши проблемот кој настана на мечот со Монпелје.

Бразилецот по мечот со Монпелје (5:2) изрази незадоволство поради тоа што Французинот стана редовен изведувач на пенали на клубот. На самиот натпревар одигран викендот, Мбапе го промаши првиот пенал, а подоцна сакаше да го изведе и вториот досуден за ПСЖ, но Нејмар не му дозволи и тој го реализира.






Подоцна во француските медиуми се појавија информации дека Мбапе побарал од раководството на ПСЖ да го продаде Нејмар.

Претходно се дозна дека инцидентот бил разрешен по средбата на играчите со директорот на парискиот клуб Луис Кампос. Во исто време, дефанзивецот Серхио Рамос делуваше како уште еден посредник меѓу страните во конфликтот. 

Поврзани содржини