ШИЛЕГОВ ГО „ОПРЕМИ“ ГРАД СКОПЈЕ За 4 години купени се 150 комунални возила ФОТО

Одговарајќи на новинарско прашање, Шилегов рече дека не е приоритет на градот градоначалникот да купува службено возило за своите потреби и дека тој се вози со возило старо десет години.

556

Без донации или друга помош Град Скопје на своја рака купил над 130 нови возила за механизација од различен тип во последните 4 години, јавуваат од градот. Градоначалникот Шилегов денес покажа дел од багерите, комбињата, возилата за чистење „Брако“ и другите „тешкаши“ пред јавноста и рече дека јавните пари се трошат за вистинските приоритети на граѓаните.

фото: МИА





– Скопје има потреба за поефикасен сообраќај, за поефикасна комунална хигиена и има потреба за уредување на новото зеленило. Токму заради тоа, наши приоритети во изминатиот период, но и периодот што претстои, ќе бидат подобрувањето на инфраструктурата а со тоа и подобрувањето на условите за работа и подобрување на услугите кои ги даваат јавните претпријатија – изјави Шилегов за медиумите.

фото: МИА

 

Ако се бројат сите заедно со новите 33 автобуси и десетте новонабавени комбиња кои ќе пристигнат за две недели, сѐ на сѐ, во мандатот на Шилегов биле набавени 150 нови комунални возила. Дел од новите комбиња ќе ги користи и ЈСП Скопје, но и јавното претпријатие „Лајка“.

– ЈСП Скопје е побогато за 33 нови МАН автобуси и десет нови комбиња кои пристигнуваат за две недели. ЈП Комунална хигиена набави 51 ново возило, меѓу кои 21 ново комунално возило за собирање смет, нови автоцистерни и метларки. ЈП Водовод и канализација набави 21 возило, меѓу кои две цистерни под притисок и две за вакуум, нови две теренски возила и 11 товарни возила и градежни машини. ЈП Улици и патишта набави над 14 нови возила, ЈП Паркови и зеленило набави седум нови возила. ЈП Градски паркинг има пет нови возила „пајаци“ за подигање неправилно паркирани возила и една нова машина за чистење на снег.  ЈП Дрисла ја вративме во Скопје и финансиски ја консолидиравме, меѓутоа успеавме и да набавиме нови теренски возила. Она што е нешто најдобро во комуналните возила, е новата противпожарна скала. Прво вакво возило и опрема на територија на цела држава, меѓутоа и прво возило што градот го има купено со свои средства – изјави скопскиот градоначалник.

фото: МИА

 

Одговарајќи на новинарско прашање, Шилегов рече дека не е приоритет на градот градоначалникот да купува службено возило за своите потреби и дека тој се вози со возило старо десет години.

– Приоритет на градот е да ги трошиме јавните пари, токму за ова, за комуналната инфраструктура на нашиот град – додаде Шилегов.

Скопскиот градоначалник додаде дека во идниот период градот ќе набавува возила за ЈП Паркови и зеленило и за ЈП Улици и патишта, за да се зголеми квалитетот на услугата на овие јавни претпријатија.

Поврзани содржини