СЕКОЕ ДЕТЕ ЗАСЛУЖУВА НАЈДОБРА МЕДИЦИНСКА ГРИЖА „Аџибадем Систина“ е прв избор на родителите

Она што ја издвојува „Аџибадем Систина“ од другите болници е комбинацијата на најсовремена технологија, висококомпетентен и посветен медицински тим, како и индивидуализиран пристап кон секое дете и неговото семејство. Овие предности ја прават „Аџибадем Систина“ прв избор на родителите, кои бараат најдобра грижа за своите деца.

118

Во рамки на одбележувањето на 15-годишнината од отворањето на Клиничката болница „Аџибадем Систина“, разговараме со доц. д-р Ристо Симеонов, детски хирург. Зад неговото долгогодишно искуство стојат бројни успешни интервенции на деца, почнувајќи од најмала возраст. Д-р Симеонов вели дека секое дете заслужува не само најдобра медицинска грижа туку и разбирање, топлина и искрена посветеност.

Клиничката болница „Аџибадем Систина“ оваа година одбележува значаен јубилеј – 15 години постоење и врвна грижа за здравјето на своите пациенти. Како дел од овој успех, особено во делот на детската хирургија, што значи за Вас оваа годишнина во контекст на посветеноста кон најмалите пациенти и нивните семејства? Што сметате дека е најважно за да се обезбеди сигурност и доверба во критичните моменти кога родителите ги доверуваат своите деца во ваши раце?






– Јубилејот од 15 години претставува клучен момент кој ја отсликува нашата долгорочна посветеност кон обезбедување висококвалитетна здравствена грижа, со особен акцент на најмладите пациенти. Од самиот почеток, од отворањето на првата, најсовремена и единствена приватна педијатриска болница во земјата, нашата цел беше јасна: да изградиме средина во која секое дете ќе се чувствува безбедно, а секој родител – охрабрен и поддржан. Она што ја издвојува „Аџибадем Систина“ од другите болници е комбинацијата на најсовремена технологија, висококомпетентен и посветен медицински тим, како и индивидуализиран пристап кон секое дете и неговото семејство. Овие предности ја прават „Аџибадем Систина“ прв избор на родителите, кои бараат најдобра грижа за своите деца. Најважно за обезбедување на сигурноста и довербата кај родителите се транспарентната комуникација, компетентноста на тимот и целосната поддршка низ целиот процес – од првичната консултација до постоперативната нега. Верувам дека ваквиот интегриран пристап придонесува за позитивни резултати и долгорочна доверба.

Познато е дека Вашиот пристап кон пациентите е исклучително емпатичен и топол, а многу родители Ве нарекуваат „омилен доктор“. Што е тоа што го прави Вашиот метод на работа толку посебен и како успевате да ја задржите таа блискост со семејствата, дури и во тешки моменти?

– Верувам дека секое дете заслужува не само најдобра медицинска грижа, туку и разбирање, топлина и искрена посветеност. Кога родителите го доверуваат своето дете во наши раце, тие ни го доверуваат највредното нешто во нивниот живот. Тоа чувство на одговорност е длабоко врежано во секој мој пристап.

Мојата цел е да создадам атмосфера во која децата се чувствуваат безбедно, а родителите – сигурни дека нивното дете е во добри раце. Знам дека секоја интервенција, без разлика колку е мала или голема, претставува емотивен товар за родителите. Затоа се трудам секогаш да бидам достапен за нив, да ги слушам нивните грижи, да им дадам јасни одговори и да им понудам поддршка која оди подалеку од медицинскиот аспект.

Емпатијата и искрената комуникација се клучни за одржување на блискоста со семејствата. Најважно е да покажам дека сум тука за нив, не само како лекар, туку и како личност што ја разбира нивната грижа и ги води низ секој чекор со внимание и разбирање.

Фото: Аџибадем Систина

„Аџибадем Систина“ се гордее со современиот Ургентен педијатриски центар, кој е создаден за навремена и безбедна грижа за децата. Како овој центар го менува пристапот кон итните случаи и што значи тоа за пациентите и нивните родители?

– Ургентниот педијатриски центар, кој е дел од интегрираниот Педијатриски центар на „Аџибадем Систина“, е специјализиран за обезбедување на брза, прецизна и сеопфатна медицинска грижа за децата во критични состојби.

Нашиот Ургентен педијатриски центар претставува врвна комбинација на најсовремена медицинска технологија, мултидисциплинарен тим на висококомпетентни специјалисти и 24/7 достапност. Овој напреден пристап овозможува веднаш да се реагира на цел спектар на медицински состојби – од акутни инфекции до комплексни хируршки итности – со максимална ефикасност и прецизност.

Постоењето на ваков центар во рамките на единствениот приватен Педијатриски центар во земјата овозможува значително намалување на времето на чекање и обезбедување оптимални клинички резултати. Дополнително, непосредниот пристап до најновите технологии и континуираното усовршување на нашиот медицински тим придонесуваат за создавање на исклучителна доверба кај родителите.

Ова е причината зошто „Аџибадем Систина“ претставува прв избор за семејства не само од Македонија, туку и од целиот регион. За родителите, нашиот центар е гаранција дека нивното дете ќе добие највисок квалитет на медицинска нега, поддржана од најдобрите светски практики и експертиза.

Колку е значајно користењето на најсовремени технологии и методи во детската хирургија и како „Аџибадем Систина“ ги применува овие иновации во својата работа?

– Користењето најсовремени технологии и методи во детската хирургија е од клучно значење за обезбедување врвна здравствена услуга, особено кога станува збор за најмладите пациенти, кои бараат посебна прецизност, грижа и безбедност. Во „Аџибадем Систина“ сме цврсто посветени на континуирано унапредување на хируршките процедури преку постојани инвестиции во напредна медицинска технологија и професионален развој на нашиот тим.

Примената на минимално инвазивни хируршки техники, како што се лапароскопските и ендоскопските интервенции, претставува стандард во нашата практика. Овие методи овозможуваат пократко траење на интервенциите, минимална траума за ткивата, побрзо постоперативно закрепнување и значително намалување на ризикот од компликации. Преку ваков пристап, значително се подобруваат не само медицинските резултати, туку и целокупното искуство на пациентите и нивните семејства.

Со постојано следење и имплементирање на најновите достигнувања во медицината, „Аџибадем Систина“ останува лидер во областа на детската хирургија и продолжува да се развива во чекор со глобалните трендови, обезбедувајќи напредна, безбедна и современа грижа за секое дете.

Поврзани содржини