ВРЕМЕТО ЌЕ СЕ МЕНУВА ВО ТЕКОТ НА ДЕНОТ Синоптичарите најавуваат и услови за дожд
Променливо облачно време со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Температурите ќе достигнат до 23 степени.
Променливо облачно време со сончеви периоди нè очекува во текот на денот, а наместа ќе има зголемена облачност и услови за слаб и краткотраен дожд.
Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец, што ќе придонесува за посвежо време, особено во утринските и вечерните часови.
Дневната температура ќе се движи од 6 до 23 степени Целзиусови.
Во Скопје се очекува слично време – променлива облачност со сончеви периоди и слаб до умерен северен ветер. Температурата во главниот град ќе достигне до 22 степени и ќе се движи од 11 до 22 степени Целзиусови.
Според најавите на синоптичарите, периодот што следува ќе биде со променливо облачно време и сончеви периоди во текот на денот. Наместа повремено ќе има услови за краткотраен дожд, додека до крајот на периодот ќе продолжи да дува слаб до умерен ветер од северен правец.