Скопјанка е тешко повредена во автобус на ЈСП откако се затворила вратата, соопшти МВР.
На 15.03.2025 во 12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на булеварот Кузман Јосифовски Питу во Скопје, при качување во автобус на ЈСП Скопје, управуван од Т.А.(59) од Скопје, вратата се затворила, при што патничката О.А.(75) од Скопје паднала и се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје.