СЕ СПРОВЕДУВА ЖЕСТОКА И РОБУСТНА КОНТРОЛА НА ЦЕНИТЕ Мицкоски ги повика трговците да работат за граѓаните, да не плаќаат пресови кај опозицијата

Премиерот најави дека следната недела ќе имаат состанок за законските измени како една од мерките за да се спречи ново покачување на цените по 30 април, по што, како што рече, ќе може да каже повеќе детали. 

732

Контролата на цените на производите е робустна и жестока како никогаш досега, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, во одговор на новинарско прашање за тоа дали владата ќе обезбеди контрола на цените.

Мицкоски најави дека следната недела ќе имаат состанок за законските измени како една од мерките за да се спречи ново покачување на цените по 30 април, по што, како што рече, ќе може да каже повеќе детали.






– Се бориме, процесот е динамичен. Можам да кажам дека очекувам намалување на трошоците веќе во март споредено со февруари – рече Мицкоски.

Тој ги повика трговците да им служат на граѓаните наместо да нарачуваат „прес-конференции кај опозицијата“.

– Тие постојат за граѓаните и граѓаните се нивните потрошувачи. Наместо да подметнуваат текстови кај опозицијата, која ги чита на прес-конференции, да стават прст на чело и да не се служат со трикови, туку да работат во интерес на граѓаните – рече Мицкоски.

Поврзани содржини