СЕ СПОЈУВААТ ДВЕ КЛУЧНИ ТЕЛА ЗА КРИЗИ Ангелов откри кога ќе почне новата ера во управувањето

Во телевизиско гостување, Ангелов вечерва изјави дека треба да се променат 19 закони и дека е формирана работна група во Владата предводена од вицепремиерот Љупчо Димовски која веќе работи на оваа проблематика.

531

Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов се надева дека по локалните избори ќе биде заокружен процесот на основање на институцијата во која би се обединиле надлежностите на Центарот за управување со кризи и Дирекцијата за заштита и спасување.

Во телевизиско гостување, Ангелов вечерва изјави дека треба да се променат 19 закони и дека е формирана работна група во Владата предводена од вицепремиерот Љупчо Димовски која веќе работи на оваа проблематика.






– Се работи на спојување, односно би рекол формирање на нова институција која ќе ги обедини функциите на двете постоечки. Разликата кај новата институција е тоа што таа би имала координациска и командна улога бидејќи во овој момент ние како ЦУК координираме, но немаме командна улога – рече Ангелов.

Очекува ова лето да бидат на располагање и трите „ер трактори“ за гаснење на пожари заедно со тројца пилоти, а за потпорниот ѕид што се урна кај Детската клиника во Скопје, рече дека е донесена одлука на Владата да се одвојат средства од Буџетот за санирање.

– Состојбата е специфична, но јас сум оптимист. ДЗС е обезглавена, но Владата работи на изнаоѓање на решение. Убеден сум дека годината во текот на летото ќе ги имаме трите „ер трактори“ заедно со тројца пилоти – рече Ангелов.

Поврзани содржини