ГРУБИ ЗАКАНИ ЗА ПОДДРЖУВАЧИТЕ НА РУДАРСТВОТО Најавен протест или линч во Струмица?

Заканите во пресрет на најавената јавна расправа стасаа од активистот Крум Велков кој е член на здружението „Здрава котлина“ од Струмица. Тој на својот профил на Фејсбук се закани со „поздравување“ на „проруднички платеници“, за кои вели дека треба да бидат „јавно прославени“.

0

За четврток (24.09.2026) во 12 часот во Салата за состаноци на Советот на Општина Струмица е најавена јавна расправа за Нацртот на Просторниот план на Република Северна Македонија 2040. Расправата е отворена за јавноста со цел да се вклучат сите засегнати страни, институции и граѓани во креирањето на стратешкиот просторен развој.

По тој повод во Струмица се очекува да дојдат претставници на Министерството за животна средина и просторно планирање, што самонаречените еко активисти го сметаат за „дрскост и провокација“, бидејќи велат дека во Планот се вметнати маркици за рудници во Иловица, Казандол и ширум регионот.






Заканите во пресрет на најавената јавна расправа стасаа од активистот Крум Велков кој е член на здружението „Здрава котлина“ од Струмица. Тој на својот профил на Фејсбук се закани со „поздравување“ на „проруднички платеници“, за кои вели дека треба да бидат „јавно прославени“.

Тој потсети дека неколку здруженија ѝ поставиле рок на Владата до 29 септември да ги поништи концесиите за рудникот Иловица-Штука, а во спротивно најавуваат дека ќе ги искористат загарантираните уставни права за самозаштита.

Името на активистот Крум Велков од „Здрава котлина“ се спомнуваше и во написите на истражувачката мрежа „Белингкет“ како дел од имиња на „еко-активисти“ кои силно лобираат против најавите за инвестиции во рударството од страна на западни компании.

Во обвинувањата насочени кон реализацијата на проектот за рудник во Иловица-Штука, зад кој стои канадскиот рударски гигант „Трафигура“ преку домашната фирма „Еуромакс Ресоурсес“, Велков најавил создавање „општомакедонски еколошки фронт“.

Во една од своите објави на социјалните мрежи Велков дури споделил и оценка за евентуални „немили настани“ ако рудникот во Иловица-Штука се реализира.

Министерството за животна средина и просторно планирање најави дека започнува циклус на регионални јавни расправи по Нацртот на Просторниот план на Република Северна Македонија 2040 и дека првата јавна расправа ќе се одржи во Југоисточниот плански регион.

Поврзани содржини