ДАКОТА САКА БРАК И ДЕЦА, А ТОЈ МОЖЕБИ НЕМА ТАКВИ ПЛАНОВИ Пријателите стравуваат дека романсата со Машин Ган Кели може да ја повреди актерката

Дакота Џонсон отворено зборува за желбата да стане мајка, додека со Машин Ган Кели веќе неколку месеци се гледа во тајност. Пријателите стравуваат дека двајцата можеби немаат исти планови.

2

Дакота Џонсон повторно е во центарот на љубовните гласини, овојпат поради Машин Ган Кели, а според извори блиски до актерката, нејзините пријатели се загрижени дека новата романса би можела да заврши со скршено срце. Двајцата веќе неколку месеци се гледаат далеку од очите на јавноста, но нивниот однос сè уште не го нарекуваат официјална врска.

Дакота и Кели, чие вистинско име е Колсон Бејкер, наводно повторно се зближиле на свадбата на Тејлор Свифт и Тревис Келси во јули. Според извор за „Пипл“, тие и претходно се познавале. На почетокот биле пријатели и често се допишувале, а потоа почнале да поминуваат сè повеќе време заедно. Изворот вели дека односот постепено станал поромантичен, но дека сè уште не му ставиле етикета.






Гласините дополнително се засилија откако двајцата беа видени заедно во Њујорк на 11 септември. Најпрво влегле во станот на Тејлор Свифт во Трибека, иако пејачката во тој момент не била таму, а подоцна заминале заедно во ресторанот „Естела“. Нивните претставници досега не ја коментирале природата на односот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by curators of pop culture (@deuxmoi)

Во меѓувреме, 36-годишната Дакота во интервју за „Вог“ отворено зборуваше за нешто многу посериозно од нова романса – желбата да има дете. Таа призна дека ѝ е тешко кога гледа како нејзините најдобри пријателки добиваат деца и создаваат семејства, додека нејзиниот живот се одвива поинаку од она што го замислувала. Сепак, рече дека има надеж дека и таа ќе стане мајка и дека желбата за дете во последните години ѝ е сè посилна.

– Секогаш чувствував, особено во последните неколку години, дека постои душа која сака да дојде на свет. И се надевам дека ќе имам среќа тоа да го доживеам – изјави Дакота, додавајќи дека не сака мајчинството да го врзува за конкретен рок. Таа исто така кажа дека не очекувала на оваа возраст и во оваа фаза од животот да биде токму таму каде што е сега.

Оттука се појавуваат тврдењата на анонимни извори дека Дакота бара сериозна врска, брак и семејство, додека за Кели се вели дека во моментов не се брза. „Дејли мејл“, преку извор цитиран и од други медиуми, објави дека нејзините пријатели стравуваат оти двајцата можеби немаат исти очекувања.

За Дакота, ова е уште една врска со музичар. Таа речиси осум години беше во врска со фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин, а двајцата наводно биле и свршени, но никогаш не се венчаа. По нивното разделување, Дакота беше во врска со музичарот Рол Модел, со кого според „Пипл“ раскинала „пред извесно време“.

Интересно, токму во новото интервју за „Вог“ Дакота се пошегува и на својата слабост кон музичарите. Кога ја прашаа што има толку привлечно кај нив, таа прво одговори дека „многу“ ѝ се допаѓаат, а потоа низ смеа ги нарече „незгодни типови“. Кога ја прашаа за сегашниот љубовен статус, сепак одби да открие детали.

Машин Ган Кели, пак, претходно беше во турбулентна врска со Меган Фокс. Тие ја имаат ќерката Сага, родена во март 2025 година, а Кели има и постара ќерка Кејси од претходната врска со Ема Канон. Тој и Фокс се разделија во 2024 година, а нивниот однос оттогаш е предмет на бројни медиумски написи.

 

Поврзани содржини