ЗАМИНАЛ НА РАБОТА, НЕ СЕ ВРАТИЛ ДОМА Mаж пронајден мртов со моторна пила до него на стадионот во Равен

Шеесетгодишниот А.А. заминал од дома во понеделникот наутро и не се вратил, по што сопругата го пријавила за исчезнат. Неколку часа подоцна бил пронајден мртов на фудбалскиот стадион во Равен.

1

60-годишен жител на гостиварското село Равен бил пронајден мртов на фудбалскиот стадион во селото, откако неговата сопруга пријавила дека не се вратил дома по заминувањето на работа.

Според пријавата во полицијата, жената на 21 септември околу 23:15 часот кажала дека нејзиниот сопруг А.А. околу 7 часот наутро заминал на работа во Гостивар, но не се вратил дома и не одговарал на нејзините телефонски повици.






По преземените мерки за негово пронаоѓање, околу 00:20 часот на 22 септември, А.А. бил пронајден починат на фудбалскиот стадион во Равен.

Во негова непосредна близина била пронајдена и моторна пила.

Смртта ја констатирал лекар од Ургентниот центар во Гостивар.

На местото бил извршен увид од јавен обвинител, лекар по судска медицина, увидна екипа од ОВР Гостивар и екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар.

Поврзани содржини