СЕ ПРОВЕРУВААТ СИТЕ ЛИЦЕНЦИ ИЗДАДЕНИ ОД МИНИСТЕРСТВАТА Досега се одземени 97 од 643 проверени градежни и урбанистички лиценци

Министерството за транспорт и врски ги проверува лиценците издадени според законот за градба и урбанистичко планирање и лиценците за сообраќај.

947

Владата одлучи да се изврши контрола на сите издадени лиценци од страна на сите министерства и сите институции кои издаваат лиценци од било кој тип, информира денеска заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.

Тој рече дека ќе се направи и ревизија на сите закони со кои се направени олеснувања за издавање лиценци.






Во однос на контролите во Министерството за транспорт и врски, Николоски рече дека веќе се почнати контролите на лиценците според Законот за градење и за урбанистичко планирање и проектирање и тоа на изведувачи на градби од прва и втора категорија што подразбира надзор, преоктирање на градби и ревизија на градби, управител на градба…

– Од издадени над 1.100 лиценци, вкупно проверени се 643 лиценци. Кај 97 лиценци констатирано е дека по издавањето на лиценците правните лица престанале да ги исполнуваат законските услови врз основа на кои истите се издадени поради што ќе се донесат решенија за одземање на лиценците – рече тој.

Николоски поединечно кажа како изгледа тоа во бројки.

На 13 правни лица одземена им е лиценца А за изведувач на градби од прва категорија

На 34 правни лица одземена им е лиценца Б за изведувач на градби од втора категорија,

На 2 правни лица одземена им е лиценца А за надзор над изградбата на градби од прва категорија

На 6 правни лица одземена им е лиценца Б за надзор над изградбата на градби од втора категорија,

На 3 правни лица одземена им е лиценца А за проектирање на градби од прва категорија,

На 20 правни лица одземена им е лиценца Б за проектирање на градби од втора категорија,

На 2 правни лица одземена му е лиценца Б ревизија на проектна документација на градби од втора категорија,

На 1 правно лице одземена му е лиценца за управител за одржување на објекти од прва и втора категорија,

На 16 правни лица одземена им е лиценца за изработка на урбанистички планови.

Николоски рече дека е почната и контрола на лиценците за сообраќај. Тој најави дека во вторник ќе ги каже и имињата на фирмите на кои им е одземена лиценцата.

Николоски рече дека законите овозможуваат овие фирми да се жалат на управен и виш суд и да продолжат да работат, со што можат да доведат во прашање многу животи бидејќи не се знае како ќе продолжат да работат.

-Се предвидуваат итни измени на законот за да се овозможи затворање на фирмата  и покрај жалбите на судовите – рече Николоски.

За се што е утврдено во контролите ќе биде информирано и обвинителството.

Поврзани содржини
na