СДСМ СЕ ПЛАШИ ОД ФУНКЦИОНАЛНИ ИНСТИТУЦИИ „Безбеден град“ е успешен проект
Пратеникот Бране Петрушевски од ВМРО-ДПМНЕ тврди дека проектот „Безбеден град“ е пример за ефикасно функционирање на институциите, додека упати критики кон СДСМ дека се спротивставува на реформите.
Владеењето на правото се мери преку конкретни постапки. Секој доследно спроведен закон ја зајакнува довербата на граѓаните во институциите. Проектот „Безбеден град“ е доказ дека кога има политичка волја, професионална работа и примена на современа технологија, државата може да функционира. Кога законите важат еднакво за сите, резултатите не изостануваат, стои во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ од Фејсбук статусот на пратеникот Бране Петрушевски.
„Затоа врхушката на СДС се спротивставува на сѐ што е успех. Нив ги плашат функционални институции. Тие впрочем ги градеа институциите за да можат ним да им бидат потчинети. Нив ги плаши Македонија и граѓаните да успеат. Затоа се талог и се наоѓаат на дното. На талогот во општеството не му одговараат победи, чесност, работа и систем на право и правда. Во таков систем никогаш нема да се вратат на власт, туку ќе завршат зад решетки. Затоа наместо политика и идеи, продаваат цинизам, песимизам, и недоверба кон иднината, бидејќи сакаат да го убијат духот на народот, на овој народ кој бил непокорен и кој се борел за слобода и своја држава. Нема да успеат! Македонија оди напред. Ќе победи работата. Ќе победи правдата“, пишува Петрушевски.