САМО МАКЕДОНЦИТЕ МОЖАТ ДА ОДЛУЧУВААТ ЗА ИСТОРИЈАТА И ЗА МАКЕДОНСКИОТ ЈАЗИК Хајредини посочи дека Албанците треба да го поддржат македонскиот народ
Во врска со прашањaта за идентитетот, историјата и македонскиот јазик, право да одлучува има само македонскиот народ. Албанците нивната одлука треба да ја поддржат, посочува ексминистерот за финансии, Џевдет Хајредини, во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук.
Ексминистерот за финансии и политички аналитичар Џевдет Хајредини појасни дека само Македонците можат да одлучуваат за македонските идентитетски прашања.
,,Во врска со прашањaта за идентитетот, историјата и македонскиот јазик, право да одлучува има само македонскиот народ. Албанците нивната одлука треба да ја поддржат”, посочува Хајредини во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук.