🎥 ХОЛИВУДСКА ЅВЕЗДА ОТВОРИ ОНЛИФАНС НА 85 ГОДИНИ Дона Милс докажа дека годините не се пречка за нови предизвици

Легендарната актерка Дона Милс, најпозната по улогата во серијата „Knots Landing“, отвори профил на OnlyFans на 85 години и порача дека сака уште поблиска врска со своите обожаватели.

23

Холивудската актерка Дона Милс, која со децении е препознатлива по улогата на Аби Канингам во култната серија „Knots Landing“, повторно се најде во центарот на вниманието. На 85-годишна возраст таа отвори профил на платформата OnlyFans и стана една од највозрасните јавни личности што се одлучиле на ваков чекор.

Милс вели дека воопшто не се двоумела кога ѝ била предложена идејата. Според неа, по повеќе од пет децении во шоу-бизнисот, видела безброј трендови и не гледа причина да не прифати нов начин на комуникација со луѓето кои ја следат со години.






– Зошто да не? Животот е прекраток за да седите настрана – изјавила актерката.

Иако платформата најчесто се поврзува со содржини за возрасни, Дона Милс нагласува дека нејзиниот профил нема да содржи експлицитни фотографии или видеа. Наместо тоа, таа планира да објавува моменти од секојдневниот живот, снимки зад сцената и содржини преку кои фановите ќе можат подобро да ја запознаат.

Актерката и претходно покажа дека не се согласува со стереотипите поврзани со возраста. Во април годинава таа стана вирална откако одговори на критики дека носи „премногу шминка за своите години“. Тогаш порача дека стилот нема рок на траење и дека нема намера да се откаже од својот препознатлив изглед само затоа што некој смета дека така треба.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Donna Mills (@thedonnamills)

Дона Милс е една од најпознатите телевизиски актерки на својата генерација. Кариерата ја започна во 1960-тите, а светска слава стекна во 1980-тите со улогата во „Knots Landing“. Подоцна настапуваше во бројни телевизиски и филмски проекти, a во 2015 година освои Еми награда за гостинска улога во серијата „General Hospital“.

Нејзиниот потег предизвика бројни реакции на социјалните мрежи. Додека едни беа изненадени што актерка на 85 години отвора профил на OnlyFans, други ја пофалија за храброста и подготвеноста да прифати нови технологии.

Поврзани содржини