САКАЛ ДА ВЛЕЗЕ ВО ДВА СТАНА ВО АЕРОДРОМ Сосетка го оттурнала, полицијата брзо го привела скопјанецот

30-годишен скопјанец се обидел да влезе во два стана во Аеродром, но бил спречен од една од станарките, по што полицијата го привела.

178

Триесетгодишен скопјанец е приведен откако, според пријавата во полиција, се обидел да влезе во два стана во скопската населба Аеродром.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека на 17 јуни околу 15:20 часот, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.А. (30) од Скопје.






Според пријавеното, околу 14 часот тој се обидел да влезе во стан на 33-годишна жена. Набргу потоа се обидел да влезе и во станот на нејзината 34-годишна сосетка, која успеала да го оттурне и да го спречи да влезе.

По пријавата, полицијата презела мерки и го пронашла осомничениот, по што бил приведен.

Од МВР велат дека се работи на целосно расчистување на случајот, а по неговото документирање ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Поврзани содржини