РУСКИ „ЛЕК“ ПРОТИВ КОВИД Чашка црвено вино го ублажува пост-ковид синдромот

Полезно е да се конзумира алкохол, една недела откако ќе помине акутната фаза на болеста, советува рурски лекар.

975

Умереното пиење вино помага да се ублажи пост-ковид синдромот, изјави за интернет-страницата Ура.ру Александар Мјасников, доктор и телевизиски водител од Русија.

– Откако некое лице ќе прележи коронавирус, чаша црвено вино е корисно, бидејќи тоа содржи ресвератрол, моќен антиоксидан. Овој тип терапија, сепак, е несоодветен за луѓе кои не пијат алкохол – нагласи стручњакот.






За оние другите, Мјасников појасни дека е дури и полезно да се конзумира алкохол, една недела откако ќе помине акутната фаза на болеста. Лекарот, покрај тоа, предупреди да не се злоупотребува алкохолот, нагласувајќи дека тој е сосем забранет во критичниот период на секоја заразна болест, која се одликува со треска и при којашто вирусот се размножува во телото.

Поврзани содржини